Вучиќ негира дека се знае со Беливук, во исто време се појави нова снимка од шефот на криминалците

Од:

Нова аудиоснимка на која наводно се слуша како озлогласениот криминален шеф Вељко Беливук договараат како да намамат една од жртвите во викендичката во која ги извршувале убиствата, е објавена на српскиот провладин портал „Информер“, само неколку часа откако беа објавени наводни делови од сослушувањето на Беливук пред обвинителите, во кои тој тврди дека бил во контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека со години извршувал разни услуги за врвот на српската власт.

На новата снимка наводно се слушаат гласовите на Беливук и неговиот близок соработник Марко Миљковиќ, а тие го договараат начинот на кој ќе ги убедат Лазар Вукиќевиќ, една од жртвите на нивниот криминален клан, во викендичката во Ритопек, која ја нарекуваат „кланица“.

Вучиќ денеска ги негираше наводите дека тој и Беливук биле во контакт и рече дека „нема да се повлече пред криминалците“. Тој најави дека во сабота повторно ќе гостува на телевизијата „Пинк“ и ќе открие нови детали за случајот.

„Во следните денови ќе ја откријам целата суштина и позадина на криминалните дејствија, ќе биде многу интересно“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање

Во Пријепоље уапсен маж кој му се заканувал на Вучиќ

Горан Наумовски