Вучиќ: Не планирам да ги пратам нашите деца во војна, ниту една мајка не го сака детето во ковчег

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Собранието на Србија изјави дека како врховен командант нема намера да ги праќа нивните деца во војна, но дека ако нивниот народ, децата, татковците и мајките бидат нападнати, ќе има доволно сила да ги брани.

Тој истакна дека не сака ниту една мајка Србинка или Албанка да го врати детето во ковчегот.

Вучиќ рече дека кога станува збор за Косово, повторно се влегува во криза која не се знае како ќе се реши и побара од претставниците на Квинта многу трпение.

„Србите повеќе не можат да ја толерираат таа суровост“, рече Вучиќ, пренесе Танјуг.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Дојава за поставена бомба во близина на спортскиот центар Ташмајдан

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини