Вучиќ: Не е реално да потпишеме решение

Од:

Потпретседателот на владата на Србија и претседател на Српската напредна партија, Александар Вучиќ изјави дека на претседателството на својата партија ќе му предложи да го продолжи дијалогот и да добие поголеми гаранции за Србите на Косово и Метохија, но додаде дека смета дека не е реално Србија да потпише решение кое и е понудено во Брисел.

-Нема да потпишеме ништо против нашите интереси, но мора да станеме нормална држава – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека денес ќе биде донесена конечна и официјална одлука за решавање на проблемот со Косово, понудено на последните преговори во Брисел.

Потпретседателот на владата изјави дека на завршните преговори во Брисел на 2-ри април, српската делегација не добила никаков документ, туку дека само и е прочитано што се бара од неа.

-Јас во еден момент реков дека сум подготвен да поднесам оставка. Ништо не можеме да го прифатиме – нагласи Вучиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ми“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ