Вучиќ на Си-Ен-Ен: Ги цениме извештаите од САД, но проблем е што не се целосно точни

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на Си-Ен-Ен во емисија со Кристијан Аманпур.

„Отсекогаш сме ги ценеле сите извештаи кои доаѓаат од САД, Белата куќа и сите други институции кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Но, вистинскиот проблем е што овие извештаи не беа целосно точни. Дозволете ми да ви го кажам ова, во 2001 г. потпишавме договор со НАТО за нашиот пристап до безбедната зона на теренот. Се договоривме дека можеме слободно да ја користиме без никакви ограничувања, како и територијата на Србија, без ограничувања во однос на опремата и оружјето. Но мора да знаете нешто пред една година на административната линија со Косово имавме 14.000 луѓе. Пред неколку дена таа бројка беше помалку од 8.400. Денеска имаме 4.400, што е редовна бројка“, го започна своето обраќање Вучиќ.

„Секогаш слушаме и слушаме што бараат нашите партнери од нас. Во моментов нема причина за грижа. Сакаме да видиме поголемо присуство на КФОР на Косово“, додаде Вучиќ.

Претседателот вели дека борбената готовност на српската армија не е подигната во близина на административната линија.

„Знаете, нашите воени лица, тие ја следат ситуацијата на теренот и ги движат нашите сили на начин на кој тие сметаат дека можат да бидат, не знам, најкорисни и тие имаат свои операции и сè, но ништо не сум потпишал за нашите воени луѓе и тие треба да го знаат ова дека бројот на луѓе не надминува, ниту 60 отсто од она што го имавме на границата. Србија беше последната земја, последниот ентитет, како и да викате на која и требаа тие инциденти на Косово, поради динамиката на целиот преговарачки процес. Сите видоа дека Србија е конструктивен партнер во текот на дијалогот, дека Србија направи многу отстапки. Другата страна не направи ништо. Другата страна направи постепено етничко чистење. Во северно Косово живеат 10 отсто помалку Срби отколку пред две години, веднаш по доаѓањето на Аљбин Курти на власт“.

Вучиќ додава дека веднаш го осудил убиството на албанскиот полицаец.

„Што можевме да најдеме на наша територија и што е достапно и што има на наша територија, обвинителите ќе си ја завршат работата. Тоа е нешто што, според мене, е многу важно. Но има нешто друго за што зборував, а вие не сакате да го слушнете за тоа и тоа е во ред за мене. Проблемот е што Србите сакаа да се заштитат, и јас нема да го бранам убиството на албанскиот полицаец, не го направив тоа, јас го осудив тоа. Но Србите се апсени без обвиненија, извршени се претреси по куќи, иселувања, експропријации, се што не е во согласност со Бриселскиот договор и меѓународното јавно право. Заедницата на српските општини се уште не е формирана од 2013 година, 10 години откако ние потпишавме, а албанските режими во Приштина не сакаа да го спроведат. Луѓето сакаа да се заштитат, а вие не можете да имате поинаков пристап во 1998, 1999 и 2000 година“.

„Го ценам вашиот објективен и непристрасен пристап. Би сакал да кажам дека можеби не следевте што зборуваше ЕУ по нашиот последен состанок. Србија беше целосно конструктивна. Дури и Јозеп Борељ и Мирослав Лајчак, како претставници на ЕУ, јавно кажаа дека Србија беше целосно конструктивен, дека Србија прифати се што побараа албанските претставници“, додаде тој.

„Подготвени сме да преговараме, но мора да разберете дека Приштина не е подготвена да ја создаде СЗО. Секогаш сум на располагање за ЕУ, Соединетите Американски Држави и подготвен сум да разговарам за сите проблеми. Ќе сториме се што ветивме, а мирот е во интерес на Србија. Имаме многу работи за губење, зошто да играме таква игра? Затоа сме посветени на преговори“, нагласи Вучиќ.

Тој додаде дека го поддржува Милорад Додик и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Претседателот ја коментираше изјавата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Тој го кажа она што му беше во срцето. Мораме да најдеме решение преку преговори и да видиме како ќе ги решиме сите проблеми во иднина, бидејќи не сакаме да страдаат Србите или Албанците. Сакаме да изградиме подобра иднина со отворени граници , административни линии, како и да ја нарекувате“, заврши Вучиќ

Би можело да ве интересира

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ