Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека најновото апсење на Срби на Косово, односно апсењето на помошник-директор на Канцеларијата за Косово, Игор Поповиќ, покажува дека Албин Курти целосно го изгуби разумот и сака да предизвика инциденти и конфликти во Западен Балкан и рече дека Белград ќе реагира силно.

„Секако дека имаме проблеми. Имаме многу поголеми проблеми од блокадите и блокадерите, од однесувањето на Албин Курти на Косово, прогонот и протерувањето на нашиот народ. Најновото апсење на Игор Поповиќ покажува дека Курти целосно го изгуби разумот и сака да предизвика инциденти и конфликти во Западен Балкан. Ги информиравме сите наши партнери, но ќе ги информираме и сите наши пријатели“, нагласи Вучиќ.

Како што рече, ова може да има непредвидливи последици.

„Но, ние секогаш ќе се бориме за зачувување на мирот и стабилноста, но ќе реагираме на многу, многу остар и силен начин, бидејќи овој терор мора да престане во одреден момент“, нагласи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Горан Наумовски

Претседателот Вучиќ го посети Дачиќ: Се молиме за него

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски

Сакале да го убијат Вучиќ и неговото семејство: Уапсени се две лица во Краљево

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски