Вучиќ: Ќе победиме без војна, ама нема да се двоумам доколку е нападнат српскиот народ на Косово

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ откако му беше блокиран патот до селото Бање на Косово, се врати во Косовска Митровица од каде што порача дека нема никаков договор со Приштина.

– Ќе победиме без војна, но во ниту еден момент нема да се двоумам доколку српскиот народ биде нападнат на Косово, предупреди Вучиќ во неговиот говор.

Тој најави инвестиции за српските општини на северот на Косово и порача дека договорот е далеку.

– Сакаме компромис, а не диктат. Сакаме да ги сослушаме, но и да не сослушаат. Сакам вие да живеете тука на своето, но патот до тоа не е лесен ни брз. Ќе мора од доста работи да се откажеме, многу работи да жртвуваме и напорно да работиме за да стигнеме до целта, рече Вучиќ.

– Сакаме договор со Албанците или сакаме продолжување на агонијата, праша Вучиќ, посочувајќи дека нема решение на повидок, „јас се молам тоа да биде за можеби пет до десет години“.

Вучиќ нагласи дека негова работа е да го менува угледот на Србија во светот, „да се менуваме самите, како рамката преку која се согледуваат работите на Балканот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ