Вучиќ: Каталонија е најдобар пример за двојните аршини

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните аршини и лицемерието на светската политика.

– И што кога сега јас ќе одам во Брисел? Кое прашање да го поставам? Како да им кажам „А зошто ние Србите бевме најлошо третирани“? Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум?, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Вучиќ додаде дека и покрај се, Србија ја гледа во ЕУ и поради типот на општеството на кое сака да припаѓа и поради подобрата економија.

– Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање

Во Пријепоље уапсен маж кој му се заканувал на Вучиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон