Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски се обратија пред медиумите по средбата меѓу двајцата лидери.

По потпишувањето на важни меморандуми, Вучиќ и Зеленски се обратија пред јавноста, при што Вучиќ изрази големо задоволство што Србија имаше можност да биде домаќин на украинскиот претседател.

„Разговаравме за различни теми, а најважно е што Србија и јас, како нејзин претседател, ја почитуваме резолуцијата на Европската повелба, што значи дека го почитуваме суверенитетот на сите европски земји, вклучително и Украина“, рече Вучиќ на почетокот.

Вучиќ нагласи дека Србија е многу благодарна на Украина за поддршката на територијалниот интегритет на Србија.

„Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика, нема „но“ по ова прашање“, рече тој, додавајќи дека Зеленски и тој разговарале и за европскиот пат на двете земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Победата ќе дојде малку побавно отколку што се надеваме, но многу побрзо отколку што некои очекуваат

А1он

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

На Украина ѝ се потребни 115 милијарди долари за 2027 година

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната

Зеленски предлага 10 нови хуманитарни операции за евакуација од руските окупирани територии