Вучиќ и Путин договорија испорака на гас со непроменети услови во следните три години

Од:

За време на денешниот разговор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, беше договорено да се потпише нов договор за снабдување со гас на 3 години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.

„Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Република Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на 3 години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти“, истакна Вучиќ.

Тој рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира се’ од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.

„Во зависност од дополнителните разговори со ‘Гаспром’, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е 3 пати помалку, а во зима ќе биде 10 пати помалку од она што ќе го плати Европа“, рече Вучиќ.

Актуелниот договор за испорака на гас истекува на 31 мај.

Би можело да ве интересира

Со голем митинг Вучиќ го започнува формирањето на ново народно движење

Горан Наумовски

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски