Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сака да формира широко народно движење и тоа го гледа како стратешка потреба за иднината.

Тој рече и дека сака да се формира движењето, бидејќи ги гледа лимитите што постојат во Српската напредна странка (СНС), како и кај другите партии.

„Затоа сакам да учествувам и да им помогнам на оние кои сакаат да создадат широко народно движење. Ќе се размислува и за името. Широко народно движење“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека и претходно зборувал за широко народно движење, но дека немало време за тоа поради дневните насани.

„Сега гледам стратешка потреба за иднината. Тоа го видов и пред две години“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека целата држава е поканета да учествува во народното движење, како што вели, секој човек со добра волја, вклучително и студентите кои сега протестираат.

Сите се добредојдени“, рече Вучиќ и додаде дека за пет или десет години некои од студентите кои учествуваат во блокадите ќе кажат дека цело време бил во право.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада

А1он

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он