Вучиќ: Единствен услов да успее Србија е да биде единствена

Од:

Првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за одлуката од Брисел државниот врв е максимално одговорен и ако граѓаните мислат поинаку, тогаш некој друг треба да ја води државата.

Тој додаде дека верува оти договорот го сметаат за лошо решение пет, шест отсто граѓани кои сакаат државата да ја делат на патриоти и предавници, а огромно мнозинство мислат дека оваа влада направила најдобро можно за граѓаните на државата.

Тој рече дека единствен услов Србија да успее во развојот, е да биде единствена, но тоа мора да го прифатат „сите играчи на српската политичка сцена“.

– Подготвени сме да разговараме за сите нивни идеи, но страната нема да ја менуваме, ќе го застапуваме она што е потпишано и тоа ќе го браниме пред граѓаните. Ако тоа може да го победат, тогаш нека некој друг ја води Србија, со тоа немаме никаков проблем, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија