Вучиќ: „Еди Рама молчеше кога терористи убија осум полицајци во Куманово, а еден од терористите има и споменик

Од:

„Србија го одбележува Денот на жалост за трагичните настани на Косово, за смртта на сите луѓе, од гледна точка на Уставот на Република Србија, секој е граѓанин на нашата земја. Прогласивме жалост за убиените Срби и сите други личности. Еди Рама не ја кажа вистината. Мислам дека е цивилизациска одлука, сериозна одлука“, рече Вучиќ.

„Тогаш имаше голем конфликт во Куманово кога албански терористи, вистински терористи ја нападнаа меѓународно признатата суверена држава Македонија, земја која е членка на ОН, многу важен детал. Убиени се дури осум македонски полицајци. Што се случи? Тогаш го немавме ниту Рама ниту некој од ЕУ да проповеда“, рече Вучиќ и покажа слики од „државниот погреб во Приштина“ во 2015 година, во униформи на ОВК.

„Присутни беа Иса Мустафа, кој преговараше со мене. Тоа е комеморација на сите убиени Албанци во Куманово. Салата беше полна, се беше организирано. И никому ништо. И тоа не е крајот“, додаде Вучиќ.

Тој покажа слика од споменикот на Бег Ризај.

„Ова е Бег Ризај, еден од убиените терористи, а ова е споменикот кој му е поставен во познатото Дечани. Рамуш Харадинај го посетува споменикот и полага свеќи. Толку од нивните принципи, европската иднина и се останато“, рече Вучиќ и додаде дека толку поодвратно се случува во нашата јавност.

„Отпрвин рекоа дека треба да имаме ден на жалост, „но владата не смее да го прави тоа затоа што мора да слуша некој однадвор“ , па рекоа „за кого жалиме за тоа“, ако вие не жалите за никого, имаме за кого да жалиме ние“, рече Вучиќ.

Вучиќ посочува дека Србите кои загинаа на Косово никогаш нема да бидат терористи.

„Тоа се семејни луѓе, татковци“, вели Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претходно денес ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски