За време на синоќешното гостување на РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелни прашања, вклучително и за ситуацијата во Косово. Вучиќ се осврна и на настаните во светот и даде нималку светла прогноза.
На почетокот на емисијата водителот го праша Вучиќ зошто се уште го обвинуваат и критикуваат. Вучиќ коментираше дека има „интересни обвинувања“.
„Тоа се обвинувања за диктатура, автократија и авторитаризам, а тоа е дел од секојдневната политика. Видовте дивеење на неколку пратенички групи, неколку напади врз мене и претседателот на собранието и никој не беше исклучен од таа седница“, рече Вучиќ.
Вучиќ продолжи да зборува за ситуацијата на Косово и за настаните во таа земја по 2000 година.
„Се соочуваме со најголемата криза во светот што ја видовме од Втората светска војна. Ова беше речиси ништо во споредба со она што доаѓа. Се соочуваме со голема ескалација. Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека никому не му треба и дека ќе се обидат да ја деескалираат ситуацијата. Во следните пет до шест месеци ќе следат најголемите конфликти досега.
Притисокот врз Србија, кога се во прашање односите со Русија и Косово ќе биде неспоредливо посилен. Ќе ни биде тешко кој и да победи во војната. Сега ви е јасно дека одиме во целосен хаос. Многу е тешко, речиси невозможно, да се победи западното единство кога станува збор за војната во Украина. Единството на Русите се буди дури сега, откако украинската армија доби значителна помош во вид на тенкови Леопард“, рече претседателот на Србија.