Вучиќ до опозицијата: Имате 79 дена да се подготвите за избори

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави одржување на вонредни парламентарни и локални избори за 79 дена.

Како што наведе, владејачката коалиција сака да и излезе во пресрет на опозицијата и да го исполни нивното барање за одржување избори, но и да се оди на избори заради народот, бидејќи е потребен „чист и јасен мандат во иднина“.

– Рековме дека сакаме да ги исполниме барањата на опозицијата за избори, тоа е важен демократски дострел, но сакаме и во иднина да имаме чист мандат и да бидеме суверена држава. Ни треба јасна насока во која сакаме да одиме во иднина. Дали сакаме суверенитет или да бидеме колонија – рече Вучиќ.

Како што вели, нема разлики меѓу опозицијата, а тоа најдобро се видело кога имало конфликт на Косово.

– Видовте пред некој ден дека нема апсолутно никаква разлика. Никој не застана во одбрана на својот народ, но за разлика од нив, јас ја разбирам потребата на луѓето да ги бранат своите огништа. Некој мора да разбере зошто таму се тепаат луѓето, зошто се жртвувале – рече Вучиќ.

Претседателот потсетува дека еден ден пред распишувањето на изборите, претставниците на опозицијата порачаа дека тој не смее да учествува на изборите, бидејќи му „забраниле Американците“.

– Побараа избори во Белград, а ќе има избори на ниво на Србија. Нека се спремаат, до тогаш имаат 79 дена – рече претседателот на Србија.

Претседателот изјави дека изборите ќе се одржат за 79 дена, односно на 17 декември.

-Опозицијата побара избори. Нека се подготват, им остануваат уште 79 дена – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Вучиќ: Потпишав согласност за служење воен рок од 75 дена

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Путин: Го очекуваме Вучиќ на форумот на БРИКС

Горан Наумовски

Продажбата на српско оружје на Израел забележа огромен пораст, вредност од 7,3 милиони евра само во јули

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Сега цел свет гледа кој сака ескалација на Косово

Горан Наумовски