Вучиќ до Борисов: Драг пријателе, ти посакувам брзо и целосно закрепнување и многу сила!

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му посака брзо закрепнување на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кој претходно објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Драг пријателе, ти посакувам брзо и целосно закрепнување и многу сила! Ќе победиш“, напиша претседателот на Србија на „Твитер“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера на својот „Фејсбук“ профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на Ковид-19“, напиша Борисов.

„Чувствувам малаксаност, во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека со почитување на мерките, заедно ќе се справиме“, додаде Борисов.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

А1он

Вучиќ: Мојот став не е променет во однос на преодната влада, ниту улицата ќе го смени

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Среќен сум што го променивме ликот на Србија

А1он

Вучиќ: Секогаш сум за дијалог, затоа го нудам, разговорот е лековит, важен и корисен

А1он