Вучиќ: Дијалогот со Приштина е прекинат поради ЗСО

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со шефот на Делегацијата на ЕП на парламентарниот одбор за стабилизација и асоцијација на ЕУ-Србија Едуард Кукан, меѓу останатото го информирал за причините за прекин на дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопштија од кабинетот на Вучиќ

„Српскиот претседател го информираше шефот на делегацијата на ЕП Едуард Кукан за причините за прекинување на дијалогот со Приштина, нагласувајќи дека не е исполнета обврската од Бриселскиот договор, пред се формирањето на Заедницата на српски општини“-се наведува во соопштението.

Вучиќ изразил и загриженост од формирањето на Косовската војска, што ќе доведе до „дестабилизација на состојбата во регионот“, но и се заложил за продолжување на дијалогот, потенцирајќи го зачленувањето во ЕУ како надворешно политички приоритет на Србија.

Едуард Кукан позитивно го оценил економскиот напредок на Србија и ја истакнал потребата од подобрување на состојбата во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите-се наведува во соопштението на Кабинетот на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања