Вучиќ: Благодарни сме на Унгарија за складирањето на гас

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со унгарската претседателка Катлин Новак во Белград на прес-конференција изјави дека разговарале за сите важни прашања и дека Србија и е благодарна на Унгарија што и дозволила да ги користи капацитетите за складирање гас под поволни услови, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова за нас од технички причини ни е многу важно за зимата. Ќе биде неспоредливо полесно и малку помирно ќе ја дочекаме зимата. Без поддршката на претседателката Новак и премиерот (Виктор Орбан) не би можеле да го направиме тоа, рече Вучиќ.

Тој додаде дека тоа се работи кои не се забораваат и дека секој придонес во тешки времиња секогаш се памети.

Српскиот претседател потсети дека се работи и на инфраструктурното поврзување, со брзата пруга Белград-Будимпешта, изразувајќи уверување дека до 2025 година, и покрај се, тој проект ќе биде завршен, и секој ќе може да стигне од Белград до центарот на Будимпешта за 2 часа и 40 минути.

Вучиќ посочи дека односите меѓу Србија и Унгарија се на највисоко ниво во современата политичка историја и додаде дека трговијата толку многу напредувала што станала речиси неспоредлива со другите земји.

Тој истакна дека замаецот на сите односи меѓу Србија и Унгарија е силен и дека двете земји имаат големо разбирање една кон друга во политичка смисла, посочувајќи дека Унгарија ги разбира сите обиди на Србија да најде компромисно решение во дијалогот со Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски