Вучиќ: Без ПЦР тестови меѓу Србија, Македонија и Албанија од 10 ноември

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска по средбите со македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот – Еди Рама, изјави дека на состанокот на земјите од „малиот Шенген“, донесени се неколку важни одлуки за граѓаните, меѓу кои е и одлуката да се укине задолжителното приложување негативен ПЦР тест за коронавирус при преминот на границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно тоа што донесовме неколку битни одлуки, кои ќе се применуваат најдоцна од 10 ноември. До тогаш, сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија и обратно без ПЦР тест,“ изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски