Вучиќ: Бараме датум веднаш

Од:

Србија бара датум за почеток на преговорите со ЕУ и веднаш во јуни да и биде соопштено кога ќе започнат пристапните преговори за членство, изјави денес во Рим потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ.

-Доколку тоа не ни успее, очигледно некаде згрешивме, но уверен сум дека ќе успееме и дека тоа ќе го разберат нашите германски пријатели и сите останати. Она што го слушнавме од премиерот на Италија и другите важни соговорници е многу охрабрувачко за Србија и нејзините граѓани-изјави тој.

Вучиќ повтори дека е можен и поинаков исход од добивањето датум, но тоа ќе биде тешко да се објасни по сите чекори кои што Србија ги направи, внатрешните реформи и борбата против корупцијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија