Вучиќ: Ако Зеленски ја осуди агресијата врз Србија од западните земји, тогаш и јас ќе ја осудам Русија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е воено неутрална, но нејзината политика не е неутрална.

Тој рече дека Србија е на пат кон Европската унија, но нема да се откаже од традиционалните пријателства.

Вучиќ рече дека Украина секогаш го поддржувала суверенитетот на таа земја, а во однос на барањето на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија тој побара истото прво до га направи украинскиот претседател Зеленски.

„Тој побара од нас да ја осудиме руската агресија, а јас на тоа имам едноставен одговор: ние сме мала земја, не сакаме да ја елиминираме можноста за пријателство, ние не одлучуваме за иднината на Украина“, рече Вучиќ.

Тој го повика амбасадорот да го повика Зеленски да ја осуди агресијата врз Србија од страна на западните земји.

„Па, кога ќе го стори тоа, тогаш ќе ја осудам и јас агресијата“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија е единствената која строго се придржува до меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек