Вучиќ: „Ако ЕУ нè сака, во ред, ако не, фала им!“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија направила се што било побарано од Европската Унија, но дека зелено светло од Западен Балкан нема и нема да има.

Тој за телевизија „Пинк“, на барањето да го прокоментира фактот што нема отворање нови поглавја со Србија, како ни почеток на преговори со други балкански држави, изјави дека премиерката Ана Брнабиќ била загрижена бидејќи во министерствата во последните месеци деноноќно се работело на секое поглавје.

„Мојата порака е да продолжиме да работиме, тоа го правиме поради себе. Ние сме на европски пат. Сакаат, сакаат, не сакаат, фала им. Ќе се видиме на крајот на годината кога ќе ја видиме нашата стапка на раст и стапката на раст на останатите“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски