Вучевиќ: Денoт на погребот на Балашевиќ ќе биде Ден на жалост во Нови Сад

Од:

Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека главниот град на Војводина ќе го прогласи денот на погребот на пејачот и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ за Ден на жалост.

Вучевиќ за ТВ Хепи изјави дека семејството Балашевиќ ќе соопшти кога ќе биде организиран погребот на Балашевиќ.

– Ги изгаснавме светлата во Градското собрание за да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент, пред сè за семејството Балашевиќ, потоа за целиот град, држава и регион. Нови Сад сигурно нема да биде ист по неговата смрт, нагласи Вучевиќ.

Балашевиќ почина вчера во Клиничкиот центар на Војводина како последица на пневмонија.

Тој доби бројни награди за својата работа, а исто така беше назначен и за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријави сопругот за семејно насилство

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

Ана Ололовска

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ

Во Тузла инспекција ја тргна плочката со името на Балашевиќ од мост, граѓаните ја вратија

Жарко Настоски

„Има да се усвои“: жителите на Тузла самите именуваа мост по Ѓорѓе Балашевиќ

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Погребан Балашевиќ: Панонскиот морнар испратен со омилената песна

Ана Ололовска