„Има да се усвои“: жителите на Тузла самите именуваа мост по Ѓорѓе Балашевиќ

Од:

На иницијатива на локалната фондација „Вистина, правда, помирување“, еден мост во босанскиот град Тузла беше именуван по починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а граѓаните не чекаа официјална одлука на градкиот совет, туку самоиницијативно веќе поставија плочка со натписот: „Мост на Панонскиот морнар – Ѓорѓе Балашевиќ“.

Настанот го следеше мала церемонија, а плочата ја открија две девојчиња, поздравени со аплауз од присутните почитувачи на ликот и делото на српскиот и југословенскиот музичар.

„Мојата иницијатива ја поддржаа голем број луѓе, а беше предложено мостот да го добие името на ненадминливиот музичар,“ изјави Синан Алиќ од фондацијата.

Жителите решиле да дејствуваат брзо, иако за формално именување на мостот треба да се чека одлуката на градските власти, која може да потрае со месеци.

„Има да се усвои. Ѓорѓе Балашевиќ го спојуваше луѓето, а токму овој мост го спојува градот со езерата. Ова е една благородна идеја,“ рече Екрем Хаџиќ Сосо, музичар од Тузла.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина