(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија во Грција: Се удави 30-годишно момче кое требаше да се ожени за 20 дена

Од:

Стефанос Кемос (30), кој се удави во Катисма, требаше да се ожени за 20 дена. Тој отишол на Лефкада да прослави, но се удави во морето. Грчката телевизиска станица АНТ1 емитуваше трогателно видео од последните моменти на Стефанос Кемос, по потекло од градот Трикала, кој се удави на Лефкада, каде што престојуваше со пријатели. На видеото се гледа како младиот човек се бори со брановите, додека собраните луѓе се обидуваат да го охрабрат да истрае. На плажата немаше спасувачи.

Според изјавите на сведоците, еден човек се обидел да му се приближи на растојание од еден метар, но одеднаш бил однесен од голем бран.

– Во тој момент тој сè уште беше жив и се обидуваше да отплива колку што можеше подалеку. Му викавме да остане смирен – рече очевидец.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски