ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Новогодишно убиство на навивач кај Бања Лука снимено на камера од бензинска пумпа

Од:

Снимка од брутална пресметка на бензинска станица во селото Трн кај Бања Лука во Република Српска, во која смртно страдаше 24-годишниот Душко Савановиќ, член на навивачката група на ФК Борац од Бања Лука „Лешинари“ („Мршојадци“), се појави во јавноста.

Видеото од безбедносната камера на бензинската пумпа покажува како убиецот, 46-годишниот Далибор Чамбер, осудуван криминалец, приоѓа кон автомобилот на жртвата. Откако прво се обидува да се одбрани, момчето излегува од колата и почнува да бега, а убиецот пука и го погодува во стомакот и во ногата.

По ова, 22-годишниот пријател на Савановиќ, Алекса Бабиќ, од зад грб го удира Чамбер, но и тој добива куршуми во нозете.

Инцидентот во родното место на жртвата се случил околу 22 часот и 50 минути. Савановиќ бил погоден во стомакот и во задниот дел од бутниот мускул, на раните им подлегнал нешто по полноќ на Нова година, во болница во Бања Лука.

Убиениот Душко Савановиќ (24)

За помагање при извршувањето на убиството е осомничен и Милан Ѓурѓевиќ (42), кој исто како и Чамбер, е од блиското место Лакташи. И Ѓурѓевиќ може да се види на снимката.

Медиумите објавија и слика на убиецот Далибор Чембер (46), кој ѝ бил од претходно познат на полицијата, со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик

Полицијата во деновите по Нова година мораше да го засили обезбедувањето кога го спроведуваше убиецот и неговиот соучесник во судот, поради загриженост од одмазднички напади на навивачите-другари на жртвата.

Навивачката група неколку дена подоцна со стотина запалени факели се прости од својот член, а на почетокот на месецов беше претставен и графит во чест на Савановиќ.

Според босанските и српските медиуми, на инцидентот му претходела расправија и куса физичка пресметка меѓу четворицата учесници, но досега не се откриени повеќе детали околу мотивот за бруталното убиство.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ