Возачот кој уби две докторки во Сараево бил и пијан и дрогиран

Од:

Според последните сознанија, утврдено е дека Армин Берберовиќ, кој во страшна сообраќајна несреќа на 26 мај годинава ги уби лекарите Азра Спахиќ и Алма Суљиќ, кои потоа им подлегнаа на тешките повреди, управувал возило под дејство на дрога.

Истиот ден по несреќата било утврдено дека тој имал 0,41 промили алкохол во крвта и дека возел под забрана, односно му била одземена возачката дозвола поради сторените прекршоци, пишува Аваз.

Како што се дознава, по извршената анализа било утврдено дека Берберовиќ во крвта имал и дрогата амфетамин.

Берберовиќ моментално се наоѓа во притвор, кој последен пат беше продолжен поради загриженост на јавноста.

Берберовиќ на 26 мај во 23 часот и 30 минути со автомобил во Мариндвор ја уби докторката Азра Спахиќ, а повреди две девојки.

Потоа, Алма Суљиќ им подлегна на повредите во болница.

Медицинскиот факултет во Сараево на 25 јуни организираше комеморација за трагичните жртви Азра Спахиќ и Алма Суљиќ, а на местото на нивната смрт во Мариндвор беше положено цвеќе.

Градот Сараево донесе одлука да им подигне спомен плоча на лекарите Азра Спахиќ и Алма Суљиќ кои беа убиени од Армин Берберовиќ на пешачки премин.

Спомен плоча ќе биде поставена во Мариндвор на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани