Возач на камион убиен при напад на ПКК во југоисточна Турција

Од:

Возач на камион е убиен,, а сопатникот ранет во југоисточна Турција во бомбашки напад, во округот Хакќари. Нападот го извршила Курдската работничка партија (ПКК), пишува „Хуриет дејли њуз”.

Нападот се случил сношти околу 19 часот на патот Хакќари-Чукурџа во моментот додека камионот случајно минувал. Возилото превезувало товар кон воена база што се наоѓа во таа област.

Потрагата по сторителите е во тек.

Би можело да ве интересира

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска

Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД

Наум Локоски