„Воведете визи за нив“: Холандија усвои резолуција со која бара Србија да биде казнета затоа што не воведува санкции кон Русија

Од:

Парламентот на Холандија усвои резолуција со која се повикува нејзината влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија. Предлогот е поднесен затоа што, како што посочуваат, Србија не се усогласува со визната и надворешната политика на ЕУ.

Барањето го поднесоа пратениците на двете најголеми партии од владејачката коалиција. Но, предлогот беше инициран од претставник на опозицијата.

Холандскиот пратеник Јеорен ван Вајнгарден на Твитер сподели дека неговиот предлог бил поддржан од Претставничкиот дом на холандскиот парламент. Тој е и за прекин на процесот за приклучување на Србија во Европската унија „ако воведувањето на визите не помогне“.

„Претставничкиот дом го поддржува нашиот предлог за построг пристап кон Србија, доколку претседателот Вучиќ не ги поддржи санкциите против Русија. Прекинувањето на процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да биде опција. Нема да се двоумиме да го искористиме“, рече Ван Вајнгарден.

Државниот секретар за правда и безбедност Ерик ван дер Бург, ден пред да ја претстави резолуцијата во парламентот, одговараше на пратенички прашања на Ван Вајнгарден за зголемената миграција низ Србија. Тој рече дека владата „ја дели загриженоста на еврокомесарот Јохансон за зголемениот проток низ Србија и ја гледа потребата да се спротивстави на протокот низ Западен Балкан“, но исто така ги поздравува чекорите што Србија ги презема во однос на усогласувањето со визната политика на ЕУ и ќе продолжи да се следи развојот на ситуацијата и да се изврши притисок доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија