Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа” кај Пустец

Од:

Вон контрола се уште е пожарот на Сува планина во националниот парт „Преспа” во општина Пустец.

– Продолжува со висок интензитет пожарот кај Пустец поради ширење на пламените јазици во повеќе правци. Тие се проширија толку многу што излегоа од контрола и се во опасност да се приближат до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, јавија албанските медиуми.

Опожарената површина надминува 150 хектари вегетација. Ветерот го шири пожарот и во правец кон Поградец долж Сува Планина.

– Локалните структури од Пустец, Корча и други околни општини, армиски и полициски сили без прекин работат на изолирање на огништето на пожарот, но поради тешко пристапниот терен тоа е тешко. Најавена е интервенција со два хеликоптери, бидејќи тоа е единствена алтернатива, додаваат медиумите.

Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата. Вчера идентификувани биле 47 пожари, а од нив 36 се изгаснати или ставени под контрола, додека 11 со големи размери сеуште се активни.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он