Волфганг Шојбле: Грчката Влада ја урна нашата доверба

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска ја обвини грчата Влада дека е одговорна за целосно уривање на довербата на нејзините европски партнери.

Според Шојбле, лани во ноември Грција била на пат да излезе од должничката криза во која се наоѓа, но дека сега благодарејќи на новата Влада во Атина состојбата е драстично променета.

– Тие ја урнаа нашата доверба. Тоа е еден тежок чекор назад, изјави германскиот министер за финансии.

Шојбле оцени дека концептот на сегашната Влада во Атина е нефункционален и му порача од грчкиот премиер Алексис Ципрас „да не ги залажува своите граѓани“.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија