Војводина: Државата да го подели товарот на земјоделците, поради штетата од сушата

Од:

Штетата што им ја направи на земјоцелците сушата и пролетниот мраз во северниот дел на Војводина изнесува околу 220 милиони евра, изјави секретарот на регионалната стопанска комора Иван Војниќ Туниќ.

„Во северниот регион на Војводина се обработуваат околу 220. 000 хектари, а само мал дел од нив, околу 60. 000 хектари не претрпеа посериозни оштетувања. Штетата на останатите 160 илјади изнесува речиси 200 милиони евра“ изјави тој за новинарите по седницата на Одборот за земјоделство во РПК Суботица.

Според него, приностите на пченката оваа година ќе бидат намалени за 60 % во споредба со претходната година, сончогледот за 50%, а слични оштетувања се забележани и кај сојата.

Војниќ Туниќ вели дека со последиците не треба да се справуваат само примарните производители, туку сите граѓани, затоа што конечната цена на производот во продавниците мора да се „измери“ точно и да им се плати соодветно за работата на оние кои го произвеле тој производ.

„Моето лично мислење е дека мерката забрана на извоз на стоки е добра само ако суровините кои остануваат во земјата се плаќаат според нивната цената на европските берзи во Будимпешта и Париз. Ова може да се постигне доколу овие производи бидат откупени како државни резерви, а со тоа и би им се ставило до знаење на рафинериите или купувачите дека мораат да ги купат истите производи по таа цена“.

Според секретарот на РПК, престојната есенска сеидба ќе биде многу поскапа отколку претходната, и покрај тоа што веќе се обезбедени малку поефтини семиња, ѓубрива и враќањето на акцизите за гориво на земјоделците.

Војниќ Туниќ верува дека земјоделците немаат доволно пари. а државата мора со нив да го подели товарот и трошоците, па макар и јавниот сектор малку ја почека својата плата.

„Иако аграрниот буџет веќе е зголемен, сепак се плашам дека тоа нема да биде доволно. Потребно е да се мобилизираат сите во земјата за да есенската сеидба биде направена како што треба. Во спротивно ќе имаме многу поголем проблем отколку што имаме сега“, предупреди Војниќ Туниќ.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ