Војската на Србија ќе плати 150 милиони долари за новите авиони

Од:

Новите воени авиони „миг-29 М/М2 “ кои до крајот на годинава би требало да го засилат военото воздухопловство на Србија, според извори блиски до армијата на Србија, биле наменети за Сирија, но целиот аранжман кој предвидувал продажба на 24 повеќенаменски борбени авиони пропаднал, поради граѓанската војна во државата.

Цената на еден авион е околу 24,5 милиони долари, што значи дека Србија за набавка на шест повеќенаменски борбени авиони треба да плати најмалку 150 милиони долари, во кои не се вклучени обуките на пилотите и техничкиот персонал како и резервните делови.

Се работи за авион кој Русија нема намера да го вклучи во своето вооружување, па најверојатно нема да биде доволно проверен.

Тоа според изворите на „Блиц“, би можело да претставува проблем во поглед на одржувањето, со оглед на тоа што никој друг освен Србија не бил заинтересиран за него.

Од друга страна и овој „миг“ како и неговиот претходник, би бил скап за експлоатација.

На Србија во исто време од Русија и пристигнаа две неофицијални понуди, една за ремонт на постоечките „мигови -21“, а втората за купување на нови„ SU- 30“ за кои пред пет години се одлучија и Алжирци, откако ги вратија претходно набавените авиони од видот на „миг-29 SMT“, бидејќи биле составени од компоненти стари 20 и повеќе години.

Ремонтот за еден„ миг-21“ би ја чинел Србија околу четири милиони долари и би ја продолжил употребата за уште 15 години.

Военото воздухопловство на Србија ја разгледа и оваа опција, со тоа што ремонт би се извршил само на 11 авиони од последната серија , кои во употреба во ЈНА влегоа помеѓу 1980 и 1983 година.

Целиот проект би чинел околу 50 до 60 милиони долари, што е многу поевтино од планираната набавка на „миг -29“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија