Воена вежба на САД, Бугарија и Романија во Црното Море

Од:

Дванаесет романски воени бродови, американски разурнувач и бугарски брод, како и околу 1.500 војници ќе учествуваат во периодот од 25 до 28 мај во воената вежба „Посејдон Тризабец 2015“ во територијалните води на Романија и во меѓународните води на Црното Море.

Вежбата има за цел да ја зајакне соработката меѓу силите на НАТО во услови на различни закани во рамки на операција за одговор при кризи, вклучувајќи и акција за евакуација на цивили од зона на конфликт, која ќе се спроведе на военото пристаниште Костанца на 27 мај, се наведува во соопштението на Романските воено-поморски сили.

„Посејдон Тризабец 2015 “ е вежба, која е замислена, организирана и раководена од Романските воено-поморски сили, а во делот на евакуација на цивили учествуваат и сили на Инспекторатот за вонредни ситуации во Добруџа, на Крајбрежната стража, на Групата за нафтени услуги и на Медицинската дирекција.

Бугарскиот воен брод се вкотвил во пристаништето Костанца во петокот. Американскиот воен разурнувач со ракети „Рос“, кој прексиноќа го мина Босфорот вчера пристигна во Констанца.

Двата сојузнички брода, заедно со романските бродови денеска ќе излезат на отворено море, каде ќе извршуваат заеднички манерви.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он