ВИДЕО: Се разгоруваат немирите во Црна Гора, судири меѓу полицијата и демонстрантите и во Подгорица

Од:

Немирите во Црна Гора, кои започнаа во Будва, вечерва се проширија и во главниот град Подгорица, каде дојде до судир меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата, при што е употребен солзавец, а повеќе лица се приведени, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 20:00 часот демонстрантите, кои се собраа пред центарот за безбедност во Подгорица предизвикани од денешните драматични настани во Будва, фрлале со камења и други тврди предмети кој полицајците, по што било одлучено толпата да се разбие со солзавец.

Насобраните граѓани, кои извикуваат „Мило, крадецу“ се повлекле, а пред полициската станица се распоредени специјалци.

Меѓу уапсените се пратениците на опозицискиот Демократски фронт во црногорскиот парламент, Милун Зоговиќ и Марина Јочиќ, која до моментот на апсењето ја пренесувала атмосферата од случувањата во живо на социјалните мрежи.

По неколкунеделни тензии во Општина Будва, каде неодамна сменетиот градоначалник Марко Царевиќ и претседателот на Советот на општината Крсто Радовиќ ја обвинуваат власта на Мило Ѓукановиќ дека извршила упад во локалната власт и ја погазила волјата на гласачите, состојбата денеска ескалираше. Полицијата и опозициските демонстранти преку целиот ден се пресметуваа низ улиците на градот, а Царевиќ и Радовиќ беа повторно уапсени, откако полицијата ги приведе и минатата недела при слични протести.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време