ВИДЕО: Хаос во Будва – полицијата фрли солзавец во спортска сала, Царевиќ пак уапсен

Од:

Тензиите околу политичката превласт во Будва, кои траат со недели, кулминираа денес кога полицијата фрли солзавец во спортска сала, обидувајќи се да ги растера демонстрантите кои бараат враќање на досегашните функционери во локалната власт.

Минатата недела, градоначалникот и претседателот на Советот на општината, членови на опозициската Социјалдемократска партија, беа сменети со тесно мнозинство во Советот, што предизвика протести на нивните приврзаници.

Откако денес, при обид да влезат во општината, повторно биле уапсени досегашниот градоначалник Марко Царевиќ, сменетиот претседател на Советот Крсто Радовиќ и повеќе советници, се собрала голема група граѓани кои со камења и разни предмети почнале да фрлаат кон полицајците и полициската станица во која биле приведени политичарите, јавуваат локалните медиуми.

Веднаш по ова, полицајците ставиле гас-маски и фрлиле солзавец во толпата. Дел од демонстрантите, во обид да побегнат, влегле во спортската сала во која тренирале деца, каде полицијата повторно фрлила солзавец, како што се гледа од видеата кои ги објави Алекса Бечиќ, лидерот на партијата Демократска Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес