Во Турција уапсенo 641 лице поради поврзаност со движењето на Ѓулен

Од:

Турските власти приведоа 641 лице поради наводна поврзаност со движењето на Фатулах Ѓулен, за кого Анкара смета дека го организирал обидот за преврат во 2016 година.

Турските власти издадоа налози за апсење на 1.112 лица во рамки на истрагата за наводни измами на испит во 2010 година, со што им е овозможено на полицајци да станат заменици полициски инспектори. Обвинителството тврди дека прашањата пред тестот им биле поделени на следбеници на Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Ова е една од најголемите операции против мрежата на Ѓулен по неуспешниот државен удар.

Полицијата покрена симултани операции во Анкара и во уште 75 провинции.

Од неуспешниот државен удар, досега се уапсени околу 77.000 луѓе, а 130.000 се отпуштени од работа.

Ѓулен, од своја страна, негира дека имал каква било поврзаност со обидот за државен удар.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул