Во трка за градоначалник на Тирана шест кандидати

Од:

Во албанската метропола,Тирана, нормално се одвива гласњето во сите 866 гласачки места.

Во единствениот избирачки список за Тирана запишани се 608.829 лица со право на глас, а својот глас треба да го дадат за еден од шестте кандидати.

На гласачкото ливче прв е независниот кандидат Ѓерѓи Бојаџи, по него е Сазан Гури, трет е кандидатот на десницата, демократот Халим Косова, по него е Димитар Мусли, петти на ливчето е Арбен Тафај и шести социјалистот Ерион Велиај,кандидат на ливицата.

Иако има шест кандкидари, главната битка ќе се води меѓу Велиај и Косова. Попознато име меѓу шестмината кандидати е она на Бојаџи, кој беше генерален дирекор на албанската електоркорпорација, КЕШ.

Халим Косова(61) по професија е гинеколог, додека Ерион Велиај(36) политички студии завршил во САД, а е еден од основачите на движењето „Мјафт“(Доста).

Инаку, изборите во Албанија ги набљудуваат три илјади набљудувачи, од нив 274 се од ОБСЕ-ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек