Во Тирана тензично, Националниот театар на Албанија заминува во минатото

Од:

Националниот театар на Албанија, што се смета за еден од најубавите и најзначајни објекти во албанската метропола, заминува во минатото. И покрај противењето на тетарските работници, граѓани, граѓански здруженија, партии, па дури и претседателот Илир Мета, утринава во 4:30 часот градежна механизација почна со уривање на објектот.

Веднаш се создаде тензична ситуација што доведе до судир меѓу полицијата и активистите од Алијансата за заштита на тетарот, по што дел од нив биле приведени, а активностите за уривање прекинати.

Состојбата во Тирана каде се наоѓа објектот и натаму е тензична. Насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.

Целиот комплекс „Национален театар“ опфаќа површина од 13 илјади квадратни метри, а на седум илјади од нив е објектот во кој освен театарот се и библиотеката, центарот на преведувачи, информативниот центар и слично.

Тој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство.

Одлука за негово уривање ја донесе албанскиот Парламент во септемри 2018 година, со ветување од владата дека ќе изгради нов посовремен објект. По масовните протести и несогласувања владата не успеа да го реализира неговото уривање. Деновиве таа го пренесе во сопстевност на општина Тирана,чиј совет на онлајн седница во четвртокот ја донесе судбоносната одлука за овој објект.

Албанскиот претседател Илир Мета до Уставниот суд достави барање за испитување на уставноста на одлуката на владата со која Националниот театар преминува во сопственост на општина Тирана, оценувајќи ја за антиуставна и оти е закана за богаството и јавниот имот.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин