Во Тирана состанок на иницијативата САД – Јадранска повелба, А5

Од:

Во Тирана денеска се одржува состанок на министрите за одбрана или високи армиски претставници на земјите од Јадранската повелба, со која во 2019 година претседава Албанија.

Министерката за добарана на земјата домаќин, Олта Џачка, на отворањето им посака добредојде на учесниците и искажа задоволство што нејзината земја е домаќин на ваква значајна средба, иако се случува во многу тешки моменти за земјата поради катастрофалниот земјотрес.

Додаде дека во текот на годинава, која веќе изминува, реализирани се многу активности, ја нагласи определбата на сите за соработка, оценувајќи дека „заедно може да се справиме со секаков предизвик“.

-Ќе продолжиме да работиме, со сите можности, за приоритетите. Да ја засилиме работата и посветеноста во рамки на НАТО. Во текот на 2019 година успеавме да организираме голем број активности. Меѓу нас постои политичка волја да соработуваме. Улогата на А5 е тесно поврзана со промовирање на безбедносните реформи. Како што видовме после земјотресот, заедно можеме да се справиме со секој предизвик, рече Џачка.

Во своето обраќање претставничката на американското Министерство за одбрана Лаура Купер, најпрво искажа сочувство за загинатите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 минатиот месец.

-САД стои блиску до Албанија во партнерство со сите земји во регионот. И покрај земјотресот, успеавме да се сретнеме со сите делегации и гледам дека имаме многу пријатели во регионот. Признание за Албанија што оваа година ја предводи иницијативата САД-Јадранска повелба А5. Оваа беше една продуктивна година. Албанија е извонреден пример за поддршка на операциите на НАТО, рече Купер.

Посочи дека „останува многу силна посветеноста на САД за партнерство во регионот и во рамките на НАТО “.

На состанокот присуствуваат министри или високи армиски претставници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек