Во текот на дводневните протести во Србија повредни се 118 полициски службеници

Од:

Директорот на српската полицијата Владимир Ребиќ изјави дека во текот на дводневните протести повредни биле 118 полициски службеници, на кои им е укажана помош во здравствените установи во повеќе градови низ Србија, а синоќа се приведени и 153 демонстранти.

– Граѓаните и синоќа беа сведоци на неверојатни размери на насилство во Белград, но и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Таквото насилство е неприфатливо и полицијата ќе ги преземе сите мерки со цел да го спречи насилството на улиците, а хулиганите ќе одговараат, истакна Ребиќ.

Тој додаде дека е причинета голема материјална штета, бидејќи демонстрантите оштетиле имот на граѓани, како и имот во државна сопственост.

– Уништуваа автомобили, прозорци, излози, палеа контејнери. Во Нови Сад се искршени стакла на Радиотелевизија Војводина и запален оган на влезот во Градската куќа, додека во Ниш и Крагуевац се уништени полициски автомобили и фрлани камења врз зградата на полициската управа во тие градови. Благодарејќи на координираната реакција на полицијата, успеавме да воспоставиме контрола на улиците во текот на ноќта, нагласи Ребиќ.

Ребиќ, меѓу другото, додаде дека на протестите можеле да се забележат и одредени политичари, кои „со тоа покажуваат дека поддржуваат насилство и немири на улиците“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски