Во старата новосадска дискотека се пронајдени две јагленосани тела

Од:

Српската полиција извести дека во поранешната дискотека во Петроварадин на првиот кат се пронајдени телата на двајца мажи кои загинаа во пожарот. Еден од загинатите бил на 71-годишна возраст, додека другата жртва не е идентификувана.

Во дворот на зградата живее уште една жена, но не е повредена.

Полицијата изврши увид на лице место, а причината за пожарот ќе се утврдува подоцна.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, нивната екипа добила повик во 5:32 часот на адресата улица Рачка 79.

„На лице место се пронајдени две јагленосани тела, а тимот им помогна на жените на возраст од 67 и 43 години кои имале стресна реакција. Тие не биле однесени во болница, туку им била укажана помош на лице место“, вели Круљ.

По пристигнувањето на местото на настанот пронајдени се две јагленосани тела на непознати лица. На лице место им била укажана помош на две жени на возраст од 67 и 43 години.

Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“