Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

Од:

Во српскиот град Лозница крстот во осветените води се фаќал во машка и женска категорија. Како што пренесува српски Курир, Давид Милосављевиќ (29) е победник на годинашното фаќање на светиот крст во Лозница во машка конкуренција, а осумнаесетгодишната Наталија Симиќ во женска конкуренција.

Наместо во ладната Дрина, 125 капачи влегоа во езеро кај ресторанот „МН“, на слаб дожд на плус два степени. Од 125 натпреварувачи, дваесетина биле девојки. Милосављевиќ од Лозница, поранешен ватерполист кој првпат учествуваше на ваков настан, најбрзо ја препливал делницата од 33 метри, која го симболизира бројот на годините на Исус Христос.

„Многу ми е драго што денеска пливав и го освоив чесниот крст. Играв ватерполо до пред десет години, а на Водици одамна сакам да пливам. Речиси и оваа година не го направив тоа, бидејќи до вчера бев буквално болна, на инфузија, но се потрудив да дојдам и многу сум среќна“ изјави Милосављевиќ по фаќањето на крстот.

Победничката во женската категорија, Наталија пак, е од лозничкото село Јадранска Лешница и првпат пливала за Водици.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он