110 511 луѓе се досега вакцинирани во Србија. Граѓаните на нашиот северен сосед во моментот може да изберат помеѓу три достапни вакцини – руската „спутник В“, потоа на „Фајзер-Бионтек“ и кинеската на „Синофарм“.
Набргу ќе може да изберат помеѓу четири вакцини против коронавирусот бидејќи се очекува пристигнувањето на вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и британско-шведската компанија „Астра зенека“.
Масовната вакцинација во Србија почна пред три дена со вакцинирање припадници на армијата и полицијата на саемот во Белград, каде што беа поставени 11 пункта за вакцинација.