Во Србија тројца починати и 202 новозаразени, властите препорачуваат трета доза вакцина

Од:

Во Србија во изминатите 24 часа се потврдени 202 нови случаи на Ковид-19, од вкупно 8.853 тестирања, а тројца пациенти починале, соопштија здравствените власти.

Во моментов во земјата се хоспитализирани 323 пациенти, од кои десетмина се на респиратор.

Од почетокот на пандемијата, во земјата од Ковид-19 починаа 7.098 луѓе, а заразени се 719.664.

Српскиот Стручен комитет за имунизација одржа седница на која е донесена препорака за примање на трета доза од вакцината против коронавирусот.

Се препорачува таа да се дава најмалку шест месеци по втората доза, а третата доза да биде мРНК вакцина, какви што се препаратите на Фајзер и Модерна, кои треба да пристигнат во земјата во октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија