Во Србија разоткриена шпионска мрежа

Од:

Во акција на припадници на Безбедносно-информативната агенција (БИА) и на надлежното јавно обвинителство, разбиена e шпионска мрежа и се уапсени четири лица поради сомнение дека сториле кривично дело шпионажа, пренесува Новости.

Сите уапсени се државјани на Србија.

Двајца од уапсените биле вработени во српската канцеларија на странска организација и континуирано се занимавале со собирање информации од разузнавачки карактер, од кои некои имаат статус на доверливост и тајност. Информациите што ги собраа се однесуваа на работата и функционирањето на државни органи и институции и одредени јавни претпријатија, но и ресурси од националниот одбранбен систем на Србија, особено воените безбедносни служби. Посебен сегмент од нивниот интерес биле индивидуалните државни менаџери како и деловни компании.

Би можело да ве интересира

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград „заработи“ 30 дена притвор

Горан Наумовски

Разбиена шпионската мрежа во Србија

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

Американски агент му дал тајни на руски разузнавач: ФБИ го измами, осуден е на 22 години затвор