Почна тајниот судски процес против двајца браќа од Шведска кои 10 години шпионирале за Русија

Од:

Двајца браќа од Шведска, од кои едниот работел за разузнавањето на шведската полиција и вооружените сили, денеска завршија на суд во Стокхолм под обвинение дека 10 години шпионирале за руските разузнавачи. Пајам Киа (35) и неговиот брат Пејман Киа (42) беа уапсени минатата година под сомнение дека работеле за руската разузнавачка агенција ГРУ и ѝ испраќале доверливи информации цела деценија.

Обвинителите велат дека постариот брат е обвинет и за неовластен пристап до доверливи информации. Според шведските медиуми, тој претходно работел за Канцеларијата за специјални информации за собирање (КСИ), најтајниот оддел на шведското воено разузнавање. И двајцата тврдат дека не се виновни.

Обвинителот Матс Љунгквист пред судот рече: „Овој случај е уникатен по многу начини. Вакво судење не сме имале повеќе од 20 години“.

Тој додаде дека информациите што браќата ги собрале и им ги испратиле на Русите биле „од исклучително чувствителна природа“. Друг обвинител, Пер Линдквист, рече дека информациите испратени до Русиja „може да и наштетат на националната безбедност на Шведска“.

Судењето, кое поради национална безбедност ќе се одржи зад затворени врати, се очекува да трае до 12 декември. Доколку бидат прогласени за виновни, браќата би можеле да добијат доживотен затвор.

Во одделен случај, шведската полиција оваа недела објави дека уапсила уште две лица под сомнение за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Во Србија разоткриена шпионска мрежа

Горан Наумовски

Аналитичарка на ФБИ е осудена на четири години затвор: Тајни 386 документи ги чувала дома

Горан Наумовски

Двајца службеници на германското Министерство за економија под истрага за можни шпионски активности

Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова под сомнение за шпионажа

Горан Наумовски

Во Австрија приведени тројца турски државјани осомничени за шпионажа

Горан Наумовски

Москва реагира на протерувањето на дипломатите од Бугарија

Жарко Настоски