Во Србија почнува масовна ревакцинација, пристигнаа нови 50.000 дози на „Спутник V“

Од:

Во Србија до овој момент се вакцинирани 555.000 граѓани, а од денеска на 200 пунктови 5.500 лица ќе ја примат втората вакцина, со што почнува масовната ревакцинација на жителите.

-Втората доза на вакцина денеска ќе им биде дадена на 5.500 граѓани, утре 15.000, потоа 30.000, за да се дојде до 60.000 лица во еден ден. Да потсетиме, имавме речиси 60.000 вакцинации во еден ден, значи ќе имаме 60.000 ревакцинации во еден ден, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада Михаило Јовановиќ.

Граѓаните кои ја примаат втората доза на вакцината веќе добија СМС порака и е-пошта каде и во кое време треба да се јават.

Доколку се случи некој да не е информиран, а поминат е 21 ден од вакцинацијата, треба да дојде до точката каде што ја примил првата доза.

-Речиси 950.000 граѓани досега изразија интерес за вакцинација преку е-управа и кол-центарот, а со ревакцинација продолжува и процесот на вакцинација со првата доза, кажа Јовановиќ.

Паралелно во Србија продолжи да пристигнуваат нови дози на вакцини. Утринава на белградскиот аеродром пристигнаа 50.000 нови дози на руската вакцина „Спутник V“, а вчера пристигнаа 8.190 дози на вакцината за коронавирус произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија