22.000 лица биле вакцинирани против Ковид-19 во Србија заклучно со вчерашниот ден. Имунизациите биле извршени во 10 града, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Џерлек рече дека целта е во следните денови ќе бидат отворени повеќе од 300 пункта за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.