Во Србија досега се вакцинирани 218 000 граѓани, а вчера вакцината против коронавирусот ја примија 43.000 лица. Досега 578.330 граѓани аплицирале за вакцинирање, а денеска ќе се вакцинираат 25.000 лица.
Претходните денови на сите пунктови во Србија, покрај граѓаните што аплицирале за имунизација, беа вакцинирани и оние кои беа дојдени без повик. Во Србија граѓаните на почетокот на овој месец се вакцинираа со вакцините на Фајзер и Спутник V, a последниве денови мнозинството од нив се вакцинира со кинеската вакцина Синофарм, која е најдостапна.
Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави дека од утре ќе се работи во две смени на Белградскиот саем, кој е најголем пункт во Србија за вакцинација со 58 медицински сестри и дека дневно се планира да се вакцинираат по 10.000 лица.