Во Србија деветмина заболени од западнонилска треска

Од:

Во Србија годинава се регистрирани девет случаи на лица заразени со вирусот на западнонилската треска.

Вирусот се пренесува преку комарците и во поголем број на случаите болеста може да помине без симптоми, но кај некои пациенти се јавува висока температура, треска, главоболка, гадење и малаксаност. Само кај еден процент од заболените можат да се јават сериозни проблеми како што е менингитис, енцефалитис или парализа.

На белградската Клиника за инфективни и тропски болести минатата година биле лекувани 58 пациенти, од кои десет починале.

Западнонилската треска првпат е регистрирана во Уганда во 1937 година.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија